Бизнис Инфо медиумски партнер на овогодинешниот Golden Drum фестивал

25

Бизнис Инфо оваа година ќе биде медиумски партнер на 26-от по ред Golden Drum фестивал на креативноста којшто веќе е отворен за регистрација.

Интернационалниот фестивал повторно ќе се одржи во словенечкиот крајбрежен град Порторож, од 17-18 октомври под мотото Creativity 4 Change.

Early Bird регистрацијата е веќе започната и ќе трае до 13 август. Со цел фестивалот е да биде подостапен за учесниците намалени се цените за индивидуални присуства, особено за оние што користат Mastercard картичка, коишто се спонзори на Golden Drum.

Натпреварувачите годинава ќе бидат оценувани од стручно жири предводено од Алваро Родригез, главен извршен директор и главен креативен директор на Fullpack од Рио де Жанеиро, Бразил и Тифани Ролф, извршен потпретседател и главен креативен директор на R/GА од САД.

Натпреварот Young Drummers и оваа година продолжува и ќе вклучи учесниците помлади од 30 години од вкупно 57 земји. Сцената на Golden Drum два дена топло ќе пречека 40-тина интернационални говорници кои ќе зборуваат за тоа како да се направи позитивна промена во повеќе полиња, а фокусот ќе биде ставен на рекламирање за подобра иднина.

Повеќе информации тука.