Бизнис планирање и буџетирање – втор настан од Програмата за претприемачи во Североисточниот регион

41

obuka severoistocen

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, на 22 април во Куманово ја одржа втората средба на претприемачите од Североисточниот регион.

Темата на оваа средба беше „Бизнис планирање и буџетирање“, а гости говорници беа Робин Зимбаков, сопственик и менаџер на Солопром и Јове Тодоровски, сопственик и менаџер на Конгресен Сервисен Центар. На настанот фокусот беше ставен на неопходноста и начинот на создавање бизнис план, како и алатки кои прецизно ја покажуваат состојбата на компанијата и ефективноста на евентуалните следни инвестиции. Беше презентирана една од најефикасните алатки за мерење на поврат на инвестицијата за развојно насочени компании.

На оваа средба беа најавени претстојните два настана: B2B средба со компании од Косово што ќе се одржи на 05 мај 2015 во Скопје и Нетворкинг настан со компаниите од сите региони опфатени со Проектот, што ќе се случи на 08 мај, исто така во Скопје.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестици. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.