Бизнис што носи најмалку 1.500 евра месечно

139

Кога патувате со авион, во многу случаи се појавува еден проблем. Што ќе правите со автомобилот што го возевте? Неколку луѓе во решавањето на овој проблем, најдоа профитабилен бизнис што може да  донесе минимум 1.500 евра месечно, дури и “вонсезонски“.

Станува збор за приватни паркинзи околу аеродромот, кои “изникнаа како печурки по дождот“ во последните години, пишува Блиц бизнис. Голем број од нив се концентрирани во Сурчин, и други населби во близина на белградскиот аеродром. Со цел целиот бизнис да функционира непречено, првичните инвестиции не се мали, но се исплатуваат за помалку од една година (ако сезоната е добра).

Бојан Чосовиќ, сопственик на еден од паркинзите во близина на белградскиот аеродром, објаснува за Блиц Бизнис како сè функционира .

“Прво ќе не најдете на Google, резервирајте паркинг во неколку чекори (одреди го датумот на пристигнување и враќање). Потоа доаѓате кај нас и го паркирате  автомобилот. Клучот го носите со вас, а ние ве носиме со нашето возило до аеродромот, кој е оддалечен околу 3 километри од пплацот. Го следиме вашиот лет, и кога ќе слетате, ве земаме на терминалот и се враќаме кај вашето возило “, вели Чосовиќ.

Тој посочува дека до идејата дошол преку лична употреба на слични услуги на различни светски дестинации, неговиот паркинг има 130 паркинг места, а инвестирал 135.000 евра.