Бизнис средба на компании од Вардарскиот регион и Косово

26

Стопанската комора на Македонија преку регионалните комори во Кавадарци и Велес денеска организира бизнис средба на компании од Вардарскиот плански регион и Косово. Целта е да се унапреди деловната соработка на стопанствениците од Вардарскиот плански регион на Република Македонија и Јужниот, Северниот и Западниот регион од Косово.
Средбата се организира во соработка со Фондацијата за одржлив еконмски развој ПРЕДА Плус од Прилеп и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.