Плац од 448 квадрати во Улцињ продаден за 900.000 евра

209

Општина Улцињ, во Црна Гора на лицитација продаде плац од 448 квадрати на Пристан, за 900.000 евра, пишува црногорскиот весник Dan.

Весникот наведува дека до комисијата којашто ја водела лицитацијата пристигнала само една понуда, којашто по кратко разгледување била прифатена.

Според сознанијата на Dan, купувачот на оваа парцела на најатрактивна локација, оддалечена педесетина метри од морето е бизнисмен од Косово, кој за квадрат градежно земјиште ќе плати околу 2.000 евра.

Единствено тој ја откупил документацијата и дал депозит во износ од 95.000 евра.
Во локалната самоуправа се надевале дека преку процесот на лицитација ќе достигнат цена над милион евра.

Фото: Facebook