Бизнисмените задоволни од мерките на Владата

26

„Задоволни сме што Владата за прв пат проговори за реалниот проблем на стопанството со наплатата на долгот кон компаниите. За тоа се сигнализира подолго време, а сега се понудени и конкретни решенија, иако со мало задоцнување“, изјави Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија. Тој додаде дека со најавата за враќање на ДДВ-то и на другите долгови, Владата покажа сигнал дека конструктувно приоѓа на решавање на проблемот со неликвидноста, а со тоа ќе се ралаксира состојбата, ќе се забави циклусот на намалената економска активност и  рецесијата.

„Без ваква мерка, тешко дека можеше да очекуваме било каков раст. Сега имаме шанси да се извлечеме од работ на амбисот со овие пакет мерки. Доколку не се покажат резултати, ние имаме пакет резервни , кусорочни мерки како решенија за неликвидноста кои ќе ги предложимје до Владата“, посочи Пешев.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, излагањето на премиерот Никола Груевски за мерките за излез од кризата, треба да внесат оптимизам кај стопанствениците за она што ги чека наредната година.

„Ова посебно важи за раздолжувањето на државата кон стопанството во февруари догодина. Во услови на тешка криза, напорите на Владата треба да се мотивација за сите, и за бизнис заедницата и за граѓаните“, рече Груевски.