BlackRock поседува 384 милиони долари во акции на компании за копање на Биткоин

41

Документи на SEC (Securities and Exchange Commission) откриваат дека инвестиционата компанија BlackRock има инвестирано речиси 400 милиони американски долари во акции на Riot Blockchain и Marathon Digital Holdings.

Изјавите, поднесени од меѓународниот инвестициски менаџер на 9 трилиони долари, откриваат дека компанијата има направено значителни инвестиции во две водечки јавно тргувани компании за “копање“ на Биткоин.

Документите од 30 јуни доставени до Американската комисија за хартии од вредност, откриени од Форбс, покажуваат дека BlackRock има 6,71% удел во Marathon Digital Holdings (MARA) и 6,61% во Riot Blockchain (RIOT).

Вкупната инвестиција се проценува на речиси 384 милиони долари, при што BlackRock купил дел од Marathon вреден скоро 207 милиони долари и од Riot вреден 176 милиони долари.

Според Etf.com, Etf.com, iShares Russell 2000 ETF на BlackRock имаат повеќе акции во Marathon и Riot од било кој друг ETF (Exchange-traded funds), додека iShares Russell 2000 Value ETF е на трето место по истата мерка.

Инвестициите не се првите инвестиции на BlackRock во секторот за крипто-средства, со тоа што компанијата аплицираше до SEC во јануари за два нејзини фонда за да купат Биткоин фјучерс договори, пред во април да открие дека нејзиниот BlackRock Allocation Fund купил 37 БТК фјучерс договори трговската размена во Чикаго (CME).

Со оглед на неколкуте производи што им се нудат на институционалните инвеститори за регулирана изложеност на крипто пазарите во Соединетите држави, акциите на рударските компании за Биткоин станаа се попопуларна инвестиција во последниве години.

Додека БТК се зголеми за околу 288% во последните 12 месеци, акциите на Маратон се зголемија за 754%, а акциите на Riot за 848%.

Fidelity Group и Vanguard Group се меѓу големите компании кои добија значителна изложеност на рударскиот БТК сектор во последните месеци.