Благ економски раст во еврозоната

31

Економијата на еврозоната забележа благ раст во вториот квартал, по стагнацијата во првите три месеци од годинава, додека стагнираше на ниво на целата Европска унија, покажува најновиот извештај на европската статистичка служба Евростат.

Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на еврозоната порасна во вториот квартал за 0,3 отсто во споредба со претходните три месеци, кога стагнираше.

Економијата на ЕУ во целина стагнираше во вториот квартал од годинава во однос на првите три месеци, кога забележа раст од 0,2 отсто.

На годишна основа, економската активност во вториот квартал е зголемена за 0,6 отсто во еврозоната и 0,5 отсто во ЕУ. Сепак, растот на годишно ниво забави и на двете територии, со 1,1 отсто на крајот на првиот квартал од оваа година.

Највисок раст на економската активност на квартално ниво забележа Ирска, од 3,3 отсто, а по неа е Литванија со раст од 2,8 отсто, покажува таканаречената флеш проценка на Евростат. Блиску е и Словенија со раст на БДП од 1,4 отсто.

Евростат сè уште нема објавено податоци за Хрватска, Грција, Луксембург и Малта.