Благој Ѓорев ќе го откупи сончогледот по повисока цена од онаа на агро берзите

30

kristalЕдинствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија Благој Ѓорев ќе понуди поголема цена за еден тон сончоглед во однос на најниската берзанска цена која се нуди на светските пазари годинава. Во моментов цената за еден тон сончоглед на светските берзи изнесува околу 210 евра, а откупната цена со која Благој Ѓорев ќе го откупи сончогледот ќе изнесува 250 евра за еден тон.

“Како единствени откупувачи на сончогледот од македонските сончогледови полиња, Благој Ѓорев се одлучи оваа година на македонските земјоделци да им понуди поголема откупна цена со која се надеваме ќе го стимулираме понатамошното одгледување и производство на оваа култура. Свесни сме за недостигот на домашното производство на сончоглед, па на овој начин сакавме да ги мотивираме и охрабриме нашите земјоделци да ги зголемат своите капацитети и следната година да излезат со поголемо производство на маслодајни семиња”, изјави генералниот директорот на Благој Ѓорев, Горан Лазов.

Оваа информација доаѓа веднаш по поевтинувањето на маслото за јадење Кристал за 13%, односно од 78 денари сега може да се купи за 68 денари. Ова поевтинување е резултат на намалените цени на сончогледот и сировото сончогледово масло на светските берзи. Богатиот род на сончогледот во соседството, Бугарија, Србија, Романија, но и во Украина придонесе да се намали и цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од него ќе се формира и цента на македонскиот пазар, вели Горан Лазов, извршен директор на Маслодајна.