Благој Ѓорев ќе ја реинвестира добивката од 2014 година

27

blagoj gorev 123

Компанијата Благој Ѓорев од Велес донесе одлука за распределба на чистата добивка од работењето на компанијата во 2014 година.

“Остварената чиста добивка во износ од 2.136.704 денари од работењето во деловната 2014 година да се употреби и распредели за инвестирање во деловни проекти во интерес на осовременување на процесот на производството во друштвото – реинвестирана добивка“, стои во Oдлуката на компанијата, објавена на Македонска берза.

Компанијата донесе и одлука за продажба на градежни деловни нефункционални објекти. Станува збор за магацини во селото Логоварди, продавница во Битола, стоковна куќа во Скопје, продавница во Куманово и магацин во Кичево.

“Објектите да се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарните цени кои се најповолни на продажбата“, се наведува во Одлуката, објавена на Македонска берза.