Блокадата на Суецкиот канал носи долгорочни последици за хемиската индустрија во Германија

171

Хемиската и фармацевтската индустрија во Германија очекуваат долготрајни последици од блокадата на Суецкиот канал во трговската размена.

“Хемиските компании здивнаа по веста дека Суецкиот канал наскоро повторно ќе биде отворен за сообраќај“, вели Хенрих Мајнке, економист во германското здружение на хемиска индустрија.

Товарниот брод Even Given, којшто плови под знамено на Панама, минатата недела се насука во Суецкиот канал по песочна бура, што ја намали видливоста. По долготрајни маневри, бродот повторно беше оспособен за пловидба.

Блокадата на каналот временски се поклопи со периодот во којшто има силна побарувачка од азиските земји и притисок во системот за снабдување поради пандемијата.

Суецкиот канал е од голема важност за германската економија бидејќи оттаму добива околу 16% од увезените хемиски производи од Азија и 18% од хемискиот извоз кон овој континент.

Фото: Pexels