Блокирани 219.992 трансакциски сметки

103

Вкупно 219.992 трансакциски сметки се блокирани во земјава, заклучно септември минатата година, покажуваат податоците на Народна банка.

Од нив, 180.225 биле трансакциски сметки на физички лица, а остатокот од 39.767 отпаѓа на правни лица.

Еден месец претходно, во август 2020 година, под блокада биле 215.719 трансакциски сметки или 178.757 на физички и 36.962 на правни лица.

За споредба, во септември 2019 година, вкупниот број на блокирани трансакциски сметки беше 235.292, од коишто на физички лица отпаѓаат 194.150, а 41.142 на правни лица.

Од 1,8 милиони депоненти, колку што имало во банките заклучно септември лани, блокирани се вкупно 103.871 или 76.717 физички лица или 27.154 правни лица.

Блокираните трансакциски сметки се трансакциски сметки во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Блокирани депоненти се физички или правни лица, кои имаат отворено трансакциска сметка кај обезбедувачот на платежната услуга, за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата. Со блокирањето на сметката од страна на обезбедувачот на платежната услуга, со примена на  даночен број на должникот и  неговото доставување преку единствениот регистар на трансакциски сметки до сите обезбедувачи на платежни услуги каде депонентот има сметка / сметки, се врши блокирање на сите сметки на депонентот, коишто се водат под истиот даночен број.

Фото: Freepik