Блокирани 222.290 трансакциски сметки на крајот на декември

67

На крајот на декември минатата година се блокирани вкупно 222.290 трансакциски сметки, покажуваат податоците на Народна банка.

Еден месец претходно, блокирани биле 220.268 трансакциски сметки, а на крајот на декември 2019 година нивниот број бил 231.884.

Од вкупниот број на блокирани сметки (222.290), поголемиот дел од 184.011 отпаѓа на физички лица, а остатокот од 38.279 се на правни лица.

На крајот на декември минатата година во земјава имало 1.844.001 депонент, од кои 1.728.024 се физички, а 115.977 се правни лица. Истиот месец блокирани се 103.126 депоненти, од кои 76.530 се физички лица, а 26.596 се правни лица.

Блокираните трансакциски сметки се трансакциски сметки во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Блокирани депоненти се физички или правни лица, кои имаат отворено трансакциска сметка кај обезбедувачот на платежната услуга, за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата. Со блокирањето на сметката од страна на обезбедувачот на платежната услуга, со примена на  даночен број на должникот и  неговото доставување преку единствениот регистар на трансакциски сметки до сите обезбедувачи на платежни услуги каде депонентот има сметка / сметки, се врши блокирање на сите сметки на депонентот, коишто се водат под истиот даночен број.

Фото: Pexels