Блокирани 239.766 трансакциски сметки заклучно со јуни оваа година

32

blokirana-smetka-digitron-pixabay

На вкупно 188.530 физички и на 51.236 правни лица им се блокирани трансакциските сметки на крајот на јуни оваа година, покажува платежната статистика на Народна банка на Република Македонија.

На крајот на мај 2017 година, кај физичките лица блокирани се 191.331 трансакциски сметки, додека кај правните лица тој број е 50.820.

Под блокирани трансакциски сметки влегуваат сметките што се во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Вкупниот број на депоненти, заклучно со 30-ти јуни оваа година, кај физичките лица достигна 1.619.269, додека кај правните е на ниво од 117.824. Депоненти се физички и правни лица кои имаат отворено една или повеќе трансакциски сметки, во една или повеќе банки во земјата.

Од вкупниот број на депоненти, кај физичките лица има 81.136 блокирани, а со блокада се соочуваат и 33.996 правни лица.