Блокирани над 224.000 трансакциски сметки

49

На вкупно 187.303 физички и 37.193 правни лица им се блокирани (224.496) трансакциски сметки заклучно јуни оваа година, покажуваат податоците на Народна банка.

Еден месец претходно, блокирани биле вкупно 225.167 трансакциски сметки (187.344 на физички и 37.823 на правни лица). На крајот на јуни минатата година, со блокирани трансакциски сметки се соочиле вкупно 229.271 физичко и правно лице.

Од вкупно 1,8 милиони депоненти во банките (1,7 милиони физички и 114.943 правни лица), 103.934 (78.331 физички и 25.603 правни лица) биле блокирани во јуни.

Блокираните трансакциски сметки се трансакциски сметки во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Блокирани депоненти се физички или правни лица, кои имаат отворено трансакциска сметка кај обезбедувачот на платежната услуга, за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата. Со блокирањето на сметката од страна на обезбедувачот на платежната услуга, со примена на  даночен број на должникот и  неговото доставување преку единствениот регистар на трансакциски сметки до сите обезбедувачи на платежни услуги каде депонентот има сметка / сметки, се врши блокирање на сите сметки на депонентот, коишто се водат под истиот даночен број.

Фото: Freepik