Блокирани сметките на 115.925 депоненти во банките

22

stikeri-penkala-i-kalkulator-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупниот број на блокирани сметки на депоненти во банките на крајот на март оваа година достигна 115.925, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Од нив, 81.617 се на физички лица, додека остатокот од 34.308 отпаѓаат на депоненти коишто се правни лица.

Еден месец претходно, блокада на сметките добиле вкупно 115.414 депоненти, а во март лани таа бројка беше 120.529 блокирани сметки.