
Германскиот производител на автомобили БМВ не заработува помалку пари со своите електрични автомобили отколку со возилата на бензин и дизел, вели шефот Оливер Зипсе.
Тој во неделата го претстави првото возило од новата генерација.
Нивното производство е поскапо, трошоците повисоки, но „претпоставката дека моторите со внатрешно согорување се секогаш попрофитабилни од електричните автомобили е сосема погрешна“, изјави Зипсе.
„Со секој електричен автомобил денес заработуваме пари, а тоа ќе биде уште повеќе случај со Neue Klasse“, рече Зипсе: „Ќе биде многу профитабилно“.