BMW под полициска истрага

22

bmw-564950_960_720

Фото: Pixabay

Седиштето на BMW во Германија вчера беше предмет на полициска истрага поради сомнение за употреба на софтвер способен да ги манипулира нивоата на издувни гасови пренесува Reuters.

Околу 100 полициски и државни службеници го пребараа седиштето на компанијата во Минхен, како и дел од бизнисот во Австрија.

Објектот што се претресувал во Австрија била фабрика за мотори на BMW, каде што компанијата има околу 4.500 вработени и произведува 6.000 мотори на ден.

Од BMW велат дека обвинителите барале возила со “грешки во софтверот“ во околу 11.400 возила, односно во луксузните модели на BMW 750d и BMW M550d.

BMW минатиот месец повлече 11.700 возила за да го поправат вградениот софтвер за управување со моторот откако беше пронајдено погрешно инсталирана програма.