BMW со значителен пад на профитот од 78%

19

Германскиот производител на автомобили BMW објави пад на профитот во првиот квартал од 2019 за 78%, на 589 милиони евра, пишува CNN.

Компанијата одвои 1,4 милијарди евра за да плати казна, што произлегува од истрагата на ЕУ во врска со задржување на технологијата за намалување на штетните емисии на возила.

BMW ги негираше обвиненијата и вели дека ќе ги оспори сите казни.

Производителот на автомобили предупреди дека се очекува бизнисот да биде нестабилен до крајот на годината, наведувајќи ја како причина неизвесноста околу Брегзит и ризиците од меѓународните трговски политики.

Фото: Pixabay