Американскиот производител на авиони, Boeing преговара со неколку банки за да подигне кредит во висина од над 10 милијарди долари, бидејќи се соочува со сериозни финансиски проблеми поради запирање на производството на моделот 737 Max, пишува CNBC.
Компанијата досега обезбеди најмалку шест милијарди долари од банките, а преговорите се во тек за дополнителен износ.
Boeing се соочува со сериозни загуби поради големи авионски несреќи што се случија во Индонезија и во Етиопија, во коишто билансот на жртви надминува 300 лица.
Фото: Pexels