Boeing дизајнира дрон на соларна енергија што ќе врши атмосферски истражувања

42

Фото: Aurora

Aurora Flight Sciences, подружница на Boeing, којашто креира самоуправувачки летала, следната година ќе претстави автономно летало на сончева енергија, наречено Odysseus. Истото ќе врши летови на поголема надморска височина и ќе спроведува климатски и атмосферски истражувања.

Според Aurora, Odysseus функционира како дрон и сателит. Може да лета повисоко од атмосферските облаци и останатите летала и да покрие голема географска површина, истовремено одржувајќи контакт со станицата на земјата. Odysseus ќе лета без престан еден месец што е многу повеќе од досегашните беспилотни летала коишто мора да слетаат за да се наполнат повторно.

Благодарение на сончевото напојување леталото нема да произведува штетни гасови.

Кога Odysseus ќе лета во височините, негова задача ќе биде да собере податоци и истите да ги прати до базата. Првенствено ќе се користи за прибрирање на информации за животна средина и следење на временски ситуации, како на пример бури. Од Aurora велат дека леталото ќе се користи и за комуникација, поврзување и разузнавачки мисии.  Исто така, ќе може да се репрограмира за време на летот, доколку се појават поинакви потреби, односно задачи.

Првиот лет е закажан за следната пролет.