Boeing го намалува производството на моделот 787

18

Американскиот производител на авиони, Boeing соопшти дека ќе го намали производството на моделот 787, бидејќи работи на решавање на структурна грешка којашто се однесува на неговата проблематична програма за производство на леталото.

Компанија предвидува дека оваа година ќе испорача помалку од половина од 100 авиони 787 коишто ги има на залига, бидејќи продолжува со испитувања и скапи поправки за да ги отстрани аномалиите поврзани со квалитет на авионот, пренесува Ројтерс.

Од Boeing не откриваат колкаво ќе биде новото ниво на производство, но наведуваат дека ќе биде привремено пониско од досегашните пет авиони месечно.

Досега компанијата испорача 156 млазни авиони од сите типови во споредба со 157 испорачани во текот на 2020 година.

Boeing во јуни имаше 146 нарачки на авиони, а во тој дел се и случаи во коишто купувачи ги замени нарачките за некој друг модел или целосно го откажале купувањето.

Фото: Pexels