Boeing отпушта 30.000 вработени

27

Производителот на авиони, Boeing најавува намалување на бројот на вработени и укинување на околу 30.000 работни места, поради кризата којашто ја предизвика пандемијата и ја намали побарувачката за нови воздухоплови.

Како што пренесуваат светските медиуми, Boeing очекува до крајот на следната година да го намали бројот на вработени на околу 130.000, што е за 30.000 помалку од почетокот на годината.

Оваа бројка е помала од онаа што компанијата ја најави пред три месеци – 19.000.

Boeing прикажа загуба од 449 милиони долари во третиот квартал, што е 1,17 милијарди долари помалку во споредба со истиот период лани. Приходите на компанијата се намалени за 29% и се позиционираа на 14,14 милијарди долари.

Производителот на авиони, освен поради пандемијата, се соочува и со пад на приходите откако нивниот 737 max е повлечен од производните линии во март минатата година, по два големи пада со бројни човечки жртви.

Фото: Freepik