Богаташите ја преферираат Грција за патување со своите јахти

17

Грција повторно е отворена за патувања, а богатите луѓе како никогаш досега ја посетуваат земјата со своите луксузни пловни објекти.

Егејското море за првпат се најде на врвот на листата на Bloomberg со најмногу супејахти коишто ги пуштиле своите сидра на грчкото приморје. Во јуни, дури 194 јахти ја избрале Грција за своја дестинација. Потоа следат: Италија (171), САД (170), Франција (151), Шпанија (124), Хрватска (50), Турција (49), Монако (38), Австралија (26) и Бахами (26).

Најразлични ѕвезди и богаташи, меѓу кои кошаркарот Меџик Џонсон и австралискиот медиумски могул Џејмс Паркер се меѓу ѕвездите чии јахти се во Грција.

Оваа земја, каде што се вакцинира 37% од населението, мораше да се бори со силни последици од пандемијата.

Фото: Pexels