Богати њујорчани го напуштаат Менхетн

171

Богаташи од Њујорк во последно време ги селат своите пари, но често и своите семејства во околните предградија и приградски населби, бидејќи сакаат да побегнат од градскиот метеж и да се заштитат од коронавирусот, пишува CNBC.

Сè уште е рано да се каже колку Њујорчани го напуштиле градот и дали се очекува масовно иселување. Но, значително е зголемен интересот за изнајмување и продажба на имоти, посебно на богати сопственици.

Иако над три милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирусот, сепак градот Њујорк е тешко погоден од оваа пандемија. Според податоците, скоро 170.000 луѓе се заразени со овој вирус во Њујорк.

Агентите за недвижни од своите клиенти сè повеќе добиваат барања за имоти што се далеку од центарот на градот и гужвата. Некои размислуваат за изнајмување, но има и такви кои сакаат целосно да се преселат во приградските населби заедно со своите семејства.

Долината Хадсон е популарна меѓу жителите на Њујорк како место што изобилува со поволни викендички. Но, сега станува популарна за оние кои сакаат да живеат таму. Поради пандемијата, некои вработени очекуваат дека и во иднина ќе продолжат да работат од дома.

Фото: Pixabay