Администрацијата на Џо Бајден вели дека богатите Американци затајуваат повеќе од 600 милијарди долари годишно од даночните власти.
Затоа, администрацијата предложи детален план за зајакнување на извршната власт на даночната служба, така што физичките лица со високи примања би го платиле својот дел од данокот.
“Ако ова прашање не се реши, вкупниот износ на неплатени даноци во следните десет години ќе се зголеми на околу седум илјади милијарди долари, што е приближно еднакво на 15% од вкупниот данок што граѓаните и го должат на државата“, стои во извештајот на Секретаријатот за правда од четвртокот, објави Гласот на Америка.
Овие неплатени даноци имаат цена за американските домаќинства и даночните обврзници кои уредно ги исполнуваат своите обврски, бидејќи политичарите потоа избираат да го зголемат дефицитот, да ги намалат алокациите за неопходните приоритети или дополнително да ги зголемат даноците за да ги надоместат изгубените приходи во буџетот.
Ако даночната служба има подобар капацитет да најде затајувачи на данок, тоа ќе донесе околу 700 милијарди долари во буџетот во следните 10 години, и многу повеќе во годините после тоа, според американската администрација.
Фото: Pixabay











