Богатите земји ги разграбаа вакцините, ќе остане ли за сиромашните?

29

Девет од 10 лица во сиромашните земји би можеле следната година да останат без вакцина, бидејќи богатите земји трупаат повеќе дози од потребните, пренесува Ројтерс.

Богатите земји во коишто живеат 14% од светската популација од минатиот месец купија 53% од вкупните залихи на вакцините, предупредуваат Oxfam, Amnesty International и Global Justice Now.

Тие рекле дека фармацевтските компании коишто работат на вакцини против Ковид-19 би требало преку Светската здравствена организација отворено да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост за да се произведат повеќе дози од вакцината.

Додека во Велика Британија вчера високоризичните групи почнаа да ги примаат вакцините против Pfizer и BioNTech, поголемиот дел од луѓето во 67 земји со низок и среден приход, како што се Бутан, Етиопија и Хаити, можно е да останат без вакцини.

Европската унија, САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Хонгконг, Макао, Нов Зеланд, Израел и Кувајт набавиле 53% од потенцијалните дози, при што Канада купила доволно за вакцинирање на целото население и тоа петпати.

Фото: Freepik