Боинг призна дека можеби никогаш нема да ја најде причината за дефект кај моделот 787

21

boingАмериканскиот произведувач на авиони Боинг призна дека можеби никогаш нема да дознаат што ги предизвика дефектите на батериите поради кои се приземјени сите дримлајнери 787, јавува BBC.

“Можно е никогаш да не ја дознаеме главната причина за проблемот. Не би било необично кога не би се нашла ниту една причина. Најдобра пракса во индустријата е да се разгледаат сите потенцијални причини и сите да се решат”, изјави Лари Лофтис, генерален менаџер на одделот за производство на дримлајнер 787.

Лофтис додава дека Боинг вложил 200.000 работни часови на своите инженери во поправка, а новите батерии ќе работат под помало оптеретување, а со тоа и под пониска температура. Ќе бидат сместени во кутии од инокс со вентилациски цевки кои водат надвор од авионот, па евентуалните ретки случаи да потфрлат во иднина ќе бидат 100% ограничени, додека евентуалниот чад веднаш би бил изведен од авионот.

Тим од 300 инженери поделени во 10 тимови почнаа со замена на батериите во сите 50 дримлајнери и Боинг очекува во следните недели авионите да добијат дозвола за летање.

Сите дримлајнери во јануари беа приземјени по два поголеми инциденти поради прегревање на батериите.