Боливија има најмногу литиум во светот – преговара со ЕУ за инвестициски проекти

Во моментов во Боливија има 23 милиони метрички тони литиум, објави  претседателот на земјата Луис Арсе, откако беше спроведена владина студија која потврди дека Боливија има најмногу литиум во светот.

Тој додаде дека боливиската влада веќе започнала преговори со претставници на Европската унија за инвестиции во литиумски проекти.

„Сите очи се вперени во Латинска Америка и Боливија поради богатството што го имаме кога станува збор за литиумот и стратешките минерали“, рече Арсе, пренесе Ројтерс.

Боливија се сврте кон инвестиции од руски и кинески фирми за да ги развие своите огромни, но главно неискористени ресурси на бел метал, клучна компонента за батериите што се користат за напојување на електрични возила, според британската агенција.

Таканаречениот „литиумски триаголник“ во Јужна Америка содржи повеќе од половина од светските резерви на литиум, според проценките на Геолошкиот институт на САД.