Booking инвестираше 500 милиони долари во кинеската фирма DiDi Chuxing

26

DiDi Chuxing, најголемата компанија што нуди услуги за споделување на превоз, привлече стратешки капитал откако Booking Holdings инвестираше 500 милиони долари во нејзиниот бизнис.

Според соопштението договорот ќе придонесе Booking да работи заедно со кинескиот транспортен сервис и да понуди услуги по потреба. Тоа ќе се врши преку апликација на Booking.com, а корисниците на DiDi  ќе имаат опција да резервираат хотели преку Booking.com и нејзината придружна страна Agoda.

Според DiDi Chuxing договорот не е поради пари, со оглед на тоа дека компанијата има повеќе милијарди  долари на сметка, благодарение на успешната кампања за финансирање од која што само лани доби 4 милијарди долари. Станува збор за стратешко партнерство.

Покрај Booking.com и Agoda, Booking Holdings исто така е сопственик на Kayak, Priceline.com, Rentacars.com и Open Table од кои сите се моќни сојузници на DiDi, а неговата мрежа на услуги ја има во повеќе од 220 земји.

DiDi нуди транспортни услуги преку својата апликација за повеќе од 550 милиони корисници и продолжува да биде иноватор во бизнисот на пазарите во Кина, Јужна Америка, Австралија и Јапонија. Стратешкото партнерство со Booking Holdings е особено важно бидејќи кинеската фирма е во фаза на глобална експанзија.

Фото:DiDi