Борово ќе произведува чевли со потпис на италијански дизајнери?

35

borovo

Од фабриката за чевли Борово наскоро може да почнат да излегуваат чевли со потпис на познатите италијански произведувачи на обувки и дизајнери Франко Балини и Џани Зилиоти. Овие двајца дизајнери веќе со децении соработуваат со модни брендови како што се Louis Vuitton, Prada, Gucci…

На првиот состанок со директорот на Борово Гордан Колунџиќ, гостите од Италија ги виделе предностите, но и недостатоците на оваа хрватска компанија.

“Ни рекоа дека ни недостигаат иновации, стилисти и модели. Ако пронајдеме заеднички интерес, на нас останува да го одредиме идниот модел на соработка”, вели Колунџиќ, пишува Пословни дневник.

Еден од моделите е помош од Италијаните во областа на дизајнот, вториот модел е мал дел од нивното производство да се пресели во Вуковар, а третиот да соработуваат на некоја поголема производна линија за хрватскиот пазар.

Борово во Хрватска има 106 продавници и 911 работници. Еден од нивните препознатливи брендови се Стартас патиките, кои на овие простори почнаа да се продаваат во 1976 година.