Бостон ќе ги подигне улиците за 60 сантиметри за да се заштити од поплави

14

boston-2642188_960_720

Фото: Pixabay

Американскиот град Бостон ќе се заштитува од поплави со подигнување на нивото на улиците и правење на издигнати патеки и паркови покрај брегот, пишува Dezeen.

“Климатските промени се овде. Оваа година го видовме нивното влијание во Тексас, Флорида, Порторико и низ нашата планета. Од голема важност е да работиме заедно за да бидеме сигурни дека нашиот град е подготвен за климатските промени“, вели градоначалникот на Бостон, Мартин Џ. Волш.

Бостон има намера да ја спроведе својата идеја за заштита од поплави преку идниот развој на градот. Плановите вклучуваат создавање на систем на подигнати патеки и крајбрежни паркови што ќе претставуваат бариера за водата што би надошла, како и подигнување на нивото на главните улици во населбата Чарлстаун за 60 сантиметри. Ова решение е радикално и скапо, но ќе помогне водата да не се стигне во центарот на населбата.

Во источниот дел на Бостон, што претставува ранлив дел од градот, се планира изградба на крајбрежен заштитен ѕид којшто треба да заштити 4.300 жители и 70 компании од можни поплави.

Меѓутоа, и другите делови од Бостон може да бидат загрозени во наредните години бидејќи се очекува пораст на нивото на морето за 22 сантиметри до 2030 година, до 2050 година да биде зголемен за 53 сантиметри, а до 2070 година за 91 сантиметар. Но, проектот предвидува низа стратегии што ги земаат предвид овие бројки.