Bottega Veneta бренд на годината, Армани со награда за животно дело

29

На овогодинешните британски модни награди, Bottega Veneta е прогласен за најдобар бренд во светот, додека неговиот креативен директор Даниел Ли е дизајнер на годината. Bottega Veneta, којшто инаку познат по кожните чанти, е дел од луксузната групација Kering SA.

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани го доби признанието за животно дело. Италијанецот ја основа својата модна куќа во 1975 година и стана едно од најпознатите имиња во модниот свет.

На 85-годишниот Армани му беше оддадено признание за “значителен придонес во глобалната модна индустрија преку неговата креативност, визија и безвременски стил“.

Наградата модна икона ја доби моделот Наоми Кемпбел, која со својата појава на модните писти ги одбележа 90-тите години на минатиот век.

Фото: Facebook