BP инвестира над една милијарда долари во електрична енергија од ветер во САД

61

Британската нафтена компанија British Petroleum (ВР) објави дека влегува во крупен проект за развој на ветерни електро станици развивани од норвешката енергетска компанија Equinor.

Спогодбата налага ВР да вложи 1,1 милијарда долари за 50% удел во проектот, што е најзначајна сума на ВР досега инвестирана во областа крајбрежна ветерна енергија.

Ветерните фарми Equinor ги развива во морските води на САД, недалеку од крајбрежјето на Њујорк и Масачусетс, a се поставени на две локации.

Првата, наречена Empire Wind, е на површина од 320 квадратни километри на којашто се планира инсталација на 60 до 80 турбини. Проектната моќност на таа ветерна фарма ќе биде до два гигавати. Производството на електрична енергија ќе започне од 2025 година. Површината на втората фарма, Beacon Wind, е поголема и изнесува 500 квадратни километри, со проектна моќност од 2,4 гигавати.

“Ова е важен чекор во рамки на нашата нова стратегија за трансформација во интегрирана енергетска компанија. Светскиот пазар на ветерна енергетика расте приближно 20% на годишно ниво. Оваа област веќе е призната како најважен инструмент за решавање на глобалните цели за намалување на издувните гасови“, изјави првиот човек на ВР, Барнард Луни.

Фото: Freepik