Брак – развод

76

Бројот на склучени бракови во третото тримесечје од оваа година е намален за 0,2% во споредба со истиот период лани и изнесува 4.302 бракови. Од друга страна, во истиот период, регистрирани се 385 разведени бракови што е зголемување од 12,2% во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на македонската статистика.

Податоците покажуваат дека од вкупно 4.302 склучени брака, најголемиот дел или 987 се во Скопје. Трите општини, по Скопје, во коишто има најмногу склучени бракови се: Гостивар (225), Тетово (220) и Битола (208). По општини, Пласница е општина во којашто во третото тримесечје не бил склучен ниту еден брак, само два во Новаци, а по три брака во Градско, Ранковце и Зрновце.

Кога се во прашање разводите, 385 вкупно, најголем дел од нив се во Скопје – 147. По Скопје, како општини со најмногу разводи се Гостивар со 36 и Аеродром 10 помалку.

Фото: Pixabay