BratWurst Bot – робот што прима нарачки и прави скара

25

download

BratWurst Bot е робот што знае да испече месо на скара и да го послужи според желбите на гостите, пишува Engadget. Нему не му е потребна асистенција, сè прави сам од примање на нарачки, до послужување на совршено испечено месо.

Роботот за прв пат ја покажа својата вештина на Stallwächter Party, забава што се одржува во Берлин, Германија. За време на настанот, BratWurst Bot испече и послужи 200 колбаси, а нарачките ги примаше од Интернет со помош на RGB камера и софтвер за управување.

Тој е изработен од роботска рака што не се користела и стар таблет – компјутер, од страна на Forschungszentrum Informatik (FZI) од Германија. Минатата година на истата забава, FZI претстави робот шанкер со слична функција.