Бразил доби нов соларен стадион

25

stadion 1

Бразилскиот стадион Estádio Governador Magalhães Pinto доби нов фотонапонски покрив за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2014 година.

Проектот вреден 16,1 милиони долари го финансираа германската развојна банка KfW и бразилската енергетска компанија Cemig.

Овој стадион е втор бразилски стадион кој има фотонапонска електрана на својот покрив. Прв стадион со ваква инсталација е стадионот Mane Garrincha чија 2,5 MW соларна централа обезбедува електрична енергија за 50% од енергетските потреби на стадионот. Веќе се поставуваат 1.500 соларни панели на покривот и на легендарниот Maracana во Рио де Жанеиро, додека стадионот Pernambuco ќе биде опремен со систем за соларно греење на кујната, тоалетите и соблекувалните.

Бразил се надева дека како домаќин на Светското првенство следната година ќе стане познат и како јужноамерикански лидер на глобалното движење за развој и имплементација на зелената енергија.

stadion 2

stadion 3

stadion 4