Бред Пит стана новиот амбасадор на брендот De’Longhi, акциите веднаш скокнаа

108

Оскаровецот Бред Пит тргна по стапките на својот пријател, Џорџ Клуни, потпишувајќи договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, De’ Longhi. Оттаму го најмија Пит како нов претставник, амбасадор на брендот, се вели во соопштението на компанијата.

Акциите на De’ Longhi пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кратко по објавувањето на веста и сега изнесуваат 39,48 евра.

“Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога“, рече извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.

Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на La La Land, Демијен Шазел и со Пит во главна улога.