Брегзит и пандемијата може да бидат шанса за бизнисите од Западен Балкан

44

Претстојниот Брегзит и глобалната пандемијa претставуваат шок за европските економии, но во економска смисла тие можат да претставуваат и шанса за економиите на земјите од Западен Балкан, изјави поранешниот дипломат и претседател на Cerebra Global Strategy, Дејвид Ландсман.

На воведната сесија на четвртиот ден на Балканскиот безбедносен форум, наведе дека тие шанси може да се искористат доколку земјите од Западен Балкан продолжат да се отвораат пред меѓународниот бизнис и да спроведуваат структурни реформи, кои вклучуваат зајакнување на владеењето на правото, пренесува Nova Ekonomija.

Ландсман, кој е и шеф на британско-српската стопанска комора, изјави дека Србија драстично се променила во изминатите години.

“Технологијата и услужниот сектор напредуваа драматично и (дополнително) го поврзаа светот … Растечкиот интерес за соработка меѓу компаниите од Велика Британија, Брегзит и други околности придонесоа Британија да се фокусира на пазарите што ги занемаруваше досега, како што е Западен Балкан“, рече Ландсман.

Актуелната криза во короната, за која Ландсман вели дека не знаеме колку долго ќе трае, покажа дека најразвиените земји имале најмалку толеранција за кризата, поради што потрошиле големи количини пари за да го компензираат економскиот шок.

Од друга страна, додава тој, глобалната пандемија ќе биде шанса за Западен Балкан и регионот треба да ја гледа европската интеграција како шанса за вистински напредок, а не како процес само на “штиклирање на реформите“.

“Ако на процесот на евроинтеграција гледате како на политичка игра, нема да напредувате. Ако во тоа гледате можност да бидете попросперитетно и побезбедно општество, тогаш сте на вистинскиот пат … Не можете да бидете интегрирани во ЕУ, ако не сте интегрирани со соседите, а Брисел секогаш ќе сака интеграција на Западен Балкан, рече Ландсман.

Додава дека Европската унија сака приказни за успехот, а и Брисел сака позитивни извештаи за напредокот.

“Мислам дека Брегзит ќе ги натера британските компании да побараат пазари слични на Западен Балкан, да посветат внимание на земји кои не се толку далеку“, рече Ландсман, вонреден професорот на Кембриџ.

Фото: Pixabay