Брендот Fenty на Ријана заминува во историјата

42

Сопственикот на модниот бренд Louis Vuitton, групацијата LVMH и музичката звезда Ријана се договорија да ја затворат нејзината модна линија Fenty, две години откако беше лансирана.

Францускиот гигант за луксузна стока LVMH соопшти дека колекцијата ready to wear на брендот Fenty со седиште во Европа “ќе биде на чекање“, додека не се создадат услови за подобро работење.

Сепак, линијата за долна облека Savage X Fenty ќе продолжи, како и линиите за козметика Fenty Beauty и Fenty Skin.

Модните аналитичари велат дека иако Ријана има огромен број фанови, цените на етикетата Fenty беа превисоки за повеќето од нив.

Фото: Facebook