Бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување

81

На ден 27.09.2024 година, Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преземање на друштвото.

Издавачот Стопанска Банка АД Битола беше внесено на Листата на набљудување на 05.08.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно завршување на постапката за преземање на друштвото.