Британците во февруари купувале нови коли како во 1959 година

117

Бројот на регистрации на нови автомобили во Велика Британија, во февруари, се намали за околу 36% на годишно ниво, поради продолжените рестриктивни мерки против пандемијата и затворање на салоните за автомобили.

Според официјалните податоци, ова претставува најмал обем на продажба на нови автомобили од февруари 1959 година, пренесува Ројтерс.

Трговците со автомобили ги користат онлајн сервисите за продажба, испорака и наплата на услугите со само еден клик за да можат да продолжат со работа.

Фото: Pexels