Британска компанија од искористени пелени ќе произведува гориво

43

phs

Фото: Twitter

Британската компанија за рециклирање PHS патентираше технологија којашто старите и искористени хигиенски производи, како што се пелени или влажни марамчиња, ќе ги компресира и ќе ги претвора во гориво за електрани, пишува The Guardian.

“Овие хигиенски производи се многу користени во нашиот секојдневен живот, но нивното отстранување од секогаш бил голем проблем. Нашата компанија собира ваков отпад од 90.000 клиенти низ Велика Британија и Ирска, вклучувајќи многу канцеларии, училишта, домови за стари лица и на тој начин се собира 45.000 тони санитарен отпад“, вели, Џастин Тајдмен, главен извршен директор на PHS.

Отпадот ќе биде компримиран за да се истисне течноста, потоа сувиот материјал ќе се спакува во бали коишто ќе се користат за горење во електроцентрали.