Британската компанија Euro BPO ќе го проширува бизнисот во Македонија

25

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска ја најави новата британска инвестиција во земјата.

Станува збор за британската компанија Euro BPO компанија која се занимава со аутсорсинг на бизнис процеси за британски и глобални клиенти.

“Се работи за нова британска инвестиција која во наредниве четири години ќе отвори 350 нови работни места. Компанијата веќе има канцеларија во Скопје и сега се прошируваат со уште една канцеларија во Скопје. Во иднина планираат да отворат и канцеларии во други градови во Македонија”, изјави Фида.

Претставници од британската компанија истакнаа дека избрале да инвестираат во Македонија поради инфраструктурните фактори, но и квалитетните кадри – работници кои ги запознале при посетата на земјата. Почетната инвестиција во земјата е 250.000 фунти со намера да се зголемува во иднина.

Со оваа инвестиција ќе се отворат нови работни места за млади економисти, менаџери, сметководители и компјутерски инженери од земјата. Во иднина компанијата планира освен веќе отворената канцеларија во Скопје, да отвори уште неколку канцеларии и во останатите градови во Македонија.