Британски компании не се подготвени за Брегзит

35

Само една од четири компании се подготвени за Брегзит, се нагласува во истражување на Институтот IoD (Institute of Directors).

Половина од речиси 1.000 анкетирани деловни лидери велат дека не можат да се подготват сега, помеѓу нарушувањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот и потребата за детален излез на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција кон крајот на декември.

Една четвртина велат дека се подготвени и тоа се фирми претежно во финансискиот сектор.

Велика Британија до крајот на годината планира да потроши 705 милиони фунти за создавање погранични контроли по Брегзит.

“Владата ќе инвестира во нова инфраструктура, царинска технологија и работни места за да биде сигурна дека границите се подготвени за целосна независност“, изјави британскиот министер за Брегзит, Мајкл Гов.

На 31-ви јануари годинава Велика Британија и официјално ја напушти Европската унија, откако на референдумот во 2016 година за оваа идеја гласаше тесно мнозинство.

Фото: Pixabay