Британската мултинационална компанија, The Economist ќе го намали бројот на вработени за 7% на светско ниво, поради што 1.300 луѓе ќе ги изгубат работните места, како последица на пандемијата со Ковид -19, наведе британскиот сајт PressGazette.
Поради влијанието на пандемијата на пазарот на печатени медиуми The Economist одлучи списанието за култура и стил на живот “1843“ во иднина да излегува само во дигитален формат. Двомесечникот 1843, наречен по годината на основањето, а познат како сестрински магазин на The Economist, којшто во 2016 година е ребрендиран во Intellegent Life, повеќе нема да се продава во печатено издание, туку наредниот број август – септември ќе излезе во дигитална форма.
Со отпуштањето нема да биде засегнати уредниците на The Economist, а најголемиот број на откази ќе бидат поделени во маркетиншката агенција ТVC, што е дел од медиумската групација. Како дополнителни мерки во процесот на заштеда, извршната директорка, Лара Боро, главниот и одговорен уредник, Зани Минтон Бидојс и раководниот тим, како и одборот доброволно прифатија намалување на платите.
Портпаролот на групацијата изјави дека е донесена тешка одлука за реструктуирање на компанијата и намалување на бројот на работни места.
Фото: Facebook