Бритиш телеком: Нема веќе dial-up

23

dialupКомпанијата Бритиш Телеком го укинува пристапот до интернет преку dial-up врска, а овој потег го објаснува со тоа што повеќето корисници во Британија имаат пристап до широкопојасен интернет. Истражувањето на Бритиш телеком покажа дека само неколку илјади луѓе во Британија користат ваква интернет конекција, па затоа во мај и јуни им препорача на корисниците на оваа услуга да преминат на друг вид на поврзување, затоа што од 1 септември diap-up веќе нема да постои. Оваа одлука на телекомот нема да ги израдува жителите на оддалечените рурални делови на земјата, каде dial-up врската е единствената што ја имаат.

Овој стар начин за пристап до интернет беше користен пред да станат достапни кабелскиот или широкопојасниот интернет. Dial-up врските се генерално поспори, можат да пренесат помалку податоци и се многу нестабилни за разлика од широкопојасниот пристап.