Бродот на Тито ќе се потопува за да стане нуркачка атракција

57

vis

Бродот Вис, дел од некогашната Југословенска воена морнарица на кој пловеше и Тито, намерно ќе биде потопен до крајот на годинава, со цел да стане нуркачка дестинација. Бродот ќе биде потопен на 30 метри длабочина и ќе биде прва атракција од ваков вид во Хрватска.

Според сопственикот Арсен Брајковиќ, на бродот ќе можат да нуркаат почетници кои имаат лиценца за длабочина од 18 до 20 метри, значи на горната палуба, пишува Нови лист.

Бродот ќе биде потопен кај ртот Камењак во Истра, а освен за почетници, ќе биде дестинација и за искусни нуркачи.

Бродот Вис, помалку познат од титовиот Галеб, стои закотвен на пристаништето во Пула. Сопственикот го купил во 2002 година од црногорската влада за 100.000 евра, со желба да го обнови. До сега во него се вложени скоро половина милион евра, но тоа не е ниту осмина од средствата колку што треба за да му се врати стариот сјај. Затоа сопственикот одлучил дека е подобро да го потопи во туристички цели, отколку да плаќа лежарина.

Фото: Душко Марушиќ/Pixsell