Бројката на електрични автомобили во Европа премина еден милион

19

Низ патиштата во Европа сообраќаат повеќе од еден милион електрични возила, што најмногу се должи на зголемената побарувачка во првата половина од 2018 година, пишува Guardian. Зад Европа, се наоѓа САД којшто се очекува бројката од еден милион електрични возила да ја достигне кон крајот на годинава.

Кина беше првата земја што го надмина овој број, а тоа се случи минатата година.

Според извештајот на EV-Volumes во првата половина на годинава на европскиот континент се продале 195.000 електрични автомобили, што за 42% повеќе од лани. Оваа цифра вклучува возила продадени во ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија и Норвешка којашто моментално го држи лидерското место.

Според проценките на експертите во индустријата до крајот на годинава бројката на продадени електрични возила ќе достигне 1,35 милиони. Освен електрични цифрата ќе вклучи и хибридни модели коишто откако ќе останат без батерија преминуваат на погон на гориво.

Фото: Pixabay