Бројките покажуваат – Samsung е лидер во понудата на смартфони со екран на преклопување

97

Samsung е еден од водечките производители кога станува збор за смартфони со екран на преклопување. На крајот на минатата година, компанијата се пофали дека продажбата на вакви уреди никогаш не била подобра, а сето тоа благодарение на Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3.

Ова тврдење сега го потврдува и аналитичката компанија Omdia, која открива дека во 2021 година Samsung имал повеќе од 61 отсто од пазарниот удел за испорака на смартфони на преклопување. Покрај тоа, од најдобрите 11 уреди за преклопување на пазарот, пет доаѓаат од јужнокорејскиот производител.

Omdia тврди дека најпопуларниот телефон на „превиткување“ бил Samsung Galaxy Z Flip 3, со испорачани околу 4,6 милиони примероци. Ова е вистинско достигнување за јужнокорејскиот производител, бидејќи успеа значително да ги зголеми испораките со 1,1 милион примероци на Galaxy Z Flip во 2020 година, пишува Gizmochina.

Покрај софтверските и хардверските решенија, Galaxy Z Flip 3 се здоби со голема популарност и поради фактот што е речиси 400 долари поевтин од неговиот претходник. Истото може да се каже и за Galaxy Z Fold 3, кој може да се пофали со 2,5 милиони продадени единици минатата година.

Потсетуваме, Omdia неодамна објави извештај кој покажува дека Samsung Galaxy A12 е најпродаваниот телефон во 2021 година со испорачани дури 51,8 милиони примероци.